Марија Маринковиќ од Чуприја, која беше тешко повредена во сообраќајната несреќа кај Демир Капија во која загина нејзиното осуммесечно бебе, трагичната вест ја дознала по неколкучасовната операција на рбетот кој и бил скршен и сега се наоѓа во тешка депресија, пишува српски Ало.
Нејзиниот сопруг Драган, по отпуштањето од болница веднаш отишол да ја посети неа и петгодишниот син Матеј кој не знае дека му загинало братчето Андриј.
– Матеј има скршеници на бутната и карличната коска. Таткото постојано бдее над нив, изјавиле за Ало од Клиничкиот центар во Скопје. Драган Маринковиќ го посетил и неговиот помлад брат Никола (24) кој се уште не се разбудил од кома по повредите на главата и градниот кош и за чиј живот се борат лекарите. Во посета на повреденото семејство дошле и таткото на Драган, Мирољуб и неговиот брат Александар (35). Мајката Дивна (65) останала дома чекајќи информации за своите најмили непрестанувајќи да плаче за осуммесечниот внук Андриј.
– Се молам за моите деца да ми се вратат живи. Се обидувам да им се јавам, да им испратам сила да издржат и да се вратат кај мајка. Се молам Никола да ми се разбуди од кома и со Марија да биде се во ред. Кога го видела татко и само рекла „тато“ и паднала во несвест. Молам Бога да ми се спасат децата. Каде го пуштив Никола да оди… отиде да му помогне на брат му при возењето. Тој никогаш не бил во Грција, раскажува Дивна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украле осум тони мазут од Специјалниот завод во Демир Капија
-
Повредени две лица во сообраќајка на автопатот Демир Капија-Удово
-
Детали за трагедијата: Алпинистот кој загина кај Демиркаписката клисура паднал од 20 метри височина
-
Груевски се сретна со членовите на општинскиот и претседателите на месните комитети од Демир Капија (фото)




