Среда започнува со ведро време и топло време. Максималната температура ќе биде повисока од онаа во вторник. Во текот на денот ќе дува слаб, а на исток и долж Повардарие до умерен југоисточен ветер. Но, вториот дел од денот носи поголема промена на времето. Попладне и навечер, почнувајќи од западниот дел од земјата ќе има интензивен развој на облачност која ќе донесе локално поинтензивен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер. Местимично не се исклучува можноста од појава на невреме со врнежи од град. Овие процеси локално ќе продолжат и во ноќта кон четврток.
Според метеопро.мк, максималната ќе достигне вредност околу 33°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 31°С во југозападното подрачје. Најтопло, околу 37°С ќе биде во јужниот тек на Вардар.
Во скопската котлина се очекува претежно сочнево време со мала до умерена облачност. Во текот на попладнето и вечерта ќе има услови за развој на облачност која ќе донесе дожд и Минималната температура ќе се спушти до 17°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 33°С.
Во Охридско–Преспанскиот регион се очекува сончево време со мала облачност претпладне, а попладне и вечер нестабилно со локален дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне околу 31°С.
Дојран очекува топло и претежно сончево време претпладне, а попладне и вечер нестабилно со локален дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне вреднос околу 37°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.