| четврток, 6 декември 2018 |

Во Дојран: Еуфорично издание на Д-фестивалот

unnamed

Д – фестивалот со своето четврто издание и најпозитивната фестивалска атмосфера го одбележа последниот јулски викенд од оваа година. Околу пет часот по полноќ со сетовите на најдобрите диџеи на Антена 5 Радио, утрото на 27. јули заврши Д-фестивалот 2014.

Со овој настан се заокружи и повеќемесечната музичка ЕГЗИТ авантура која се одвиваше во рамки на проектот Western Balkan Discovery And Adventure Tour кој пак преку фестивалските бини и музичките настани ова лето ги поврзуваше илјадниците млади од пет земји од поранешна Југославија (Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија), но и гостите од другите земји во регионот и Европа. Финалето на ова авантуристичко другарување беше токму во Дојран, каде што годинава повеќе од 3000 посетители беа дел одосумчасовното фестивалско лудило и заедно со артистите кои приредија исклучителен концертен перформанс, допринесоа за уште една незаборавна и максимално позитивна ноќ на автентичното дојранско крајбрежје.

Чест да го отвори фестивалот имаше младиот македонски хип хоп колектив „Дивизија“ кој со својот енергичен настап веднаш ја загреа публиката која прва пристигна на паркингот Гранит во Дојран, за потоа на сцената да се претстават уникатните „Стринг Форсес“ со исклучителниот концерт кој го приредија на Д Фестивал. По нов, рок хероите „АРЕА“ целосно се предадоа на овој концерт и покажаа зошто токму тие се името кое опстојува со децении на врвот на македонската рок сцена со своја огромна фан база која и по толку години не престанува да расте. По овој концерт на кој песните се пееја во еден глас со публиката, најпозитивната фестивалска бина ја затресе жестокиот бунтовен звук на најдобриот македонски нов бенд, инди револуционерите „Бернајс Пропаганда“. Вечерта беше крунисана со ѕвездите на фестивалот, греми наградуваните британски хип хоп и денс легенди „Стерео Емсис“ чиј диџеј сет кој траеше речиси 3 часа ја вжешти и онака разиграната магична атмосфера на фестивалот, на која не одолеа ниту самиот Роб Бирч кој одлично расположен постојано беше во директна комуникација и се забавуваше со неуморната публика во првите редови пред бината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top