| четврток, 6 декември 2018 |

Во Битола: Промовиран проектот Хераклеа- антички центар на модата

proekt_heraklea

Во Битола беше промовиран проектот „Хераклеа – антички центар на модата“. Овој проект ја ставa на страна секоја претстава за животот во Хераклеа како живот блед, без сјај и конвенционален – тој ги гледа мештаните на Хераклеа и нивната уметност во услови на боја и на форма, позитивна, полна со живот.

Тие живееле под интензивно сино небо, во земја полна со цвекиња, ги сликале нивните градби и статуи, ги бојадисувале, украсувале, позлатувале, покривале, вметнувале мозаици во нивниот мебел, ги бојадисувале нивните одела, облека или поединечни делови од облеката, се украсувале, разубавувале со накит од жолто злато. Биле сведоци на развојот на западната, но и на источната култура, кога учењето било возбудлив предизвик, кога сите тие уметности, науки, филозофии и теории на власта биле во полн ек.

Од споменатото, од новите археолошки артефакти, од потребата цивилизациски да се приближиме до тој период (сепак суштествуваме во истиот простор и земја како и тие – не дели само рамката на времето од ХХ века) произлегува потребата да се раскаже нивната приказна во 10 епизоди за материјалите и боите, за мотивите и декоративните елементи, за костимите кај мажите, костимите кај жените, костими кај децата, костими кај обичните граѓани и робовите, адаптации кај костимите –Јонски стил, за костимите и оклопите кај војниците, за религиозен костим. Проектот е дел од програмата на Бит фест. Наскоро ќе ја доживее и својата телевизиска промоција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top