| четврток, 6 декември 2018 |

Џиновски скакулци во Велес

skakulci

Џиновски скакулци долги 15 и повеќе сантиметри го преплавија Велес, објави порталот „Дума“. Велешани не паметат кога последен пат градот го нападнале вакви скакулци кои според познавачите, ги има во огромен број поради честите врнежи и влагата во воздухот.

Од центарот за јавно здравје велат дека немаат надлежност бидејќи скакулците не биле опасни по здравјето на граѓаните, туку штета им нанесуваат на земјоделските производи.

Од општина Велес велат дека ќе соработуваат со министерството за надминување на овој проблем.

„Општина Велес активно ќе соработува во примената на мерките што ќе ги преземе ресорното министерство со логистика и активности што ќе ги добие како насока се со цел што поскоро да се елиминира присуството на скакулците на територијата на Општина Велес,“ рече Катица Чадиев од општина Велес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top