
Вечерва на „Крушево етно-град 2014“ гостуваат „Синтезис“, чиј концерт почнува во 21 часот на градскиот плоштад „Никола Мартиновски“. Во тек е специјализираната работилница за бочварството.
Вчера, пак, во рамките на летната манифестација, во Крушево се одржаа повеќе настани. На градскиот плоштад во организација на Црковниот одбор при црквата „Света Богородица“ се одржа концерт на кој учествуваа повеќе познати имиња од нашата естрада. За време на концертот се донираа донираше средства за реновирање на црквата „Света Богородица“ во Крушево. Паралелно со овој настан во „Музеј Леарница“ се отвори изложба на старо комитско оружје од 18. и 19. век од Крушево и крушевско.
Вчерашниот ден го обележа и почетокот на кампањата за позитивно Крушево. Општинската организација на Црвен крст – Крушево во соработка со Општина Крушево и „Крушево етно – град“ започнаа кампања „Собираме насмевки низ Крушево“. За само еден час се „собраа“ 200 насмевки од публиката. Насмевките се фотографираат, а потоа се објавуваат на Facebook профилот од „Крушево етно – град“. Кампањата продолжува и во следните денови од манифестацијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


