| четврток, 6 декември 2018 |

Храна што го намалува стресот

Секое минување низ стресни и тешки периоди е тешко и во такви моменти многумина се вртат кон храната како утеха. Меѓутоа постојат неколку намирници кои ќе го подобрат вашето расположение, но, и вашето здравје. Погледнете кои намирници се најдоа на нашата листа како храна која може да ви помогне во тоа.

avocado

1. Авокадо

Една од највкусните намирници за смирување е токму авокадото. Поради големите количини на Б витаминот, кој воедно е заслужен за здраво работење на мозочните клетки и нерви, авокадото ја блокира апсорпцијата на мастите кои предизвикуваат стрес.

2. Јогурт

Освен што помага за здрави и јаки заби и коса, јогуртот, заедно со калциумот кој го содржи, има способност да го подигне нашето расположение.

3. Лосос

Омега 3 масните киселини не се само добри за кожата и здравјето, но придонесуваат за подобрување на мозочната активност и ведрото расположение.

4. Јајца

Најдобриот извор на витамините Б и Д се токму јајцата. Припремете ги по ваша желба, и осетете како нервозата ве напушта.

5. Зрнесто овошје

Малините, јагодите, капините се познати антиоксиданси кои имаат многу витамин Ц кој пак помага да мислите појасно и да се изборите со стресот.

6. Ореви

Наместо во чипс, уживајте во ореви. Со своето изобилство од витамините Б и Е, како и цинкот кој го содржат, допринесуваат за вашата борба против анксиозноста.

7. Спанаќ

Спанаќот заслужува да се најде на оваа листа поради неговото изобилство од витамини и минерали кои се неопходни при создавањето на адреналин. Кога ќе бидете нервозни уживајте во салата од спанаќ.

8. Чај

Камилицата и лавандата се најпознатите смирувачки чаеви. По следната нервоза и напнатост, не посегнувајте по кафето, туку уживајте во чаша чај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top