Презентерката на временската прогноза во Ноксвил за станицата WATE (ABC), Џулија Џонсон, добила писмо од еден повозрасен гледач кој се пожалил на нејзината појава бидејќи одредени делови од нејзиното тело му го одвлекувале вниманието од она што тој би требало да го гледа и слуша.
– Ве молам сменете ја облеката. Тие припиени фустани кои ги носите не се за вас. Имате ли барем еден кој не ги нагласува вашите гради? Ве молам, преубави сте, но ви треба промена – пишува во пораката што ја добила водителката.
Таа на својот критичар му одговорила на „Фејсбук“.
– Никогаш нема да можам да ги задоволам сите што ме гледаат. Се обидувам 12 години, но тоа не е возможно. Го сменив својот изглед, но и тоа не помогна. Затоа си се задоволувам себеси. Ги сакам своите фустани и се чувствувам добро во нив… Зар тоа што ја кажувам точната временска прогноза не би требало да им е доволно на оние што ме гледаат? Да знаев дека луѓето ќе ценат каква сум според моите фустани, можеби немаше да студирам метеорологија – објави Џулија Џонсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.