| четврток, 6 декември 2018 |

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем го критикуваат Израел

пен

Пенелопе Круз и нејзиниот сопруг Хавиер Бардем се меѓу шпанските ѕвезди кои напишаа отворено писмо кое го осудува Израел поради конфликтот во Блискиот Исток, пренесе Контактмјузик.

Кон актерите и режисерот Педро Алмодовар се приклучија уште претставници на шпанската кино индустрија. Тие ги повикуваат претставниците на ЕУ да го осудат Израел поради зголемените тензии во регионот.

Во писмото објавено од шпански весници денес, тие ги обвинуваат израелските лидери дека спроведуваат геноцид и сакаат примирје. Претставниците на шпанскиот кино еснаф ги молат претставниците на ЕУ  „да го осудат бомбардирањето по копно, море и воздух против палестинското цивилно население во Појасот Газа”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top