| четврток, 6 декември 2018 |

Папата замина со хеликоптер

Неколку минути по 17 часот папата Бенедикт Шеснаесетти влезе во хеликоптер со кој го напушти Ватикан.

Историското заминување на папата Бенедикт од Ватикан го проследија илјадници луѓе.  Хеликоптерот со знаме на Ватикан симболично направи неколку кругови над Плоштадот Свети Петар, а потоа се упати кон Кастел Гандолф.

Непосредно пред полетувањето, папата ја напиша последната порака на Твитер, во која вели: „Ви благодарам на вашата љубов и поддршка, ви посакувам секогаш да почувствувате среќа која доаѓа од ставање на Исус во центарот на вашиот живот“.

Инаку, на последниот ден од понтификатот, папата во обраќањето до кардиналите ја повика Католичката црква единствено да застане со неговиот наследник и вети своја „безусловна“ послушност до новиот папа.

– Ќе продолжам да бидам близу вас во молитвите, посебно во наредните неколку дена кога ќе го избирате новиот папа кому денеска му објавувам безусловно почитување и послушност, рече папата во заминување.

Одлуката за избор на нов папа се очекува во средината на март за да го помине Велигден со верниците. Католичката црква оваа година го слави Велигден на 31 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top