| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се отворат две нови ТИРЗ во Виница и Берово

aleksandar_2609_g11_5

Владата донесе одлука за основање на две нови технилошко индустриски развојни зони во близина на Виница и Берово.

Технолошко индустриската развојната зона (ТИРЗ) во Виница ќе биде изградена во месноста наречена Поповец, што се наоѓа пет километри од градот и ќе се простира на површина од 20 хектари.

ТИРЗ во Берово ќе се наоѓа на патот Берово – Дабиле и е на површина од 17 хектрари.

-Согласно акцониот план и динмиката на активностите во август ќе се распише тендер за компаниите кои сакаат да се вклучат во изгрдбата на инфрастрктурата на технолошко индустриските развојни зони Берово и Вница. Ова е одлична можност домашните компании да се пријават на тендерот и да си обезбедат работа – изјави портпароот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Тој посочи дека во септември се очекува да почнат градежните активности во зоните, а најдоцна до крајот на годинава да заврши првата фаза од изградбата на ТИРЗ Виница и ТИРЗ Берово и да се создадат услови да можат да се привлекуваат странски компании во рамки на зоните.

– Со нивната иградба се врши диверзификација на можностите и условите за привлекување странски компании и нивно лоцирање во источниот дел од Република Македонија што ќе биде од големо значење за локалниот економски развои и за зголемување на вработеноста. За завршетокот на првата фаза од градбата на двете зони се предвидени еден милион евра или по околу 500 илјади евра за секоја посебно. Добро е македонските компании да земат учество на овие тендери и да се здобијат со можност да се вклучат во изградбата доколку ги исполнуваат условите – рече Ѓорѓиев.

Во текот на наредниот месец, нагласи, се очекува да почнат градежните активности за изградба на ТИРЗ Струга на површина од 30 хектари и ТИРЗ Радовиш со околу 10 хектари, на која, како што рече, ќе биде поставен камен-темелник во текот на следните неколку дена. Во текот на минатата недела е распишан и тендер за избор на компанија која  ќе ги изврши градежните активности за изградба на ТИРЗ Ранковце која се протега на 40 хектари.

– Со основањето на ТИРЗ Берово и ТИРЗ Виница и фазите за нивен почеток за градба и со почетокот на градба на ТИРЗ Радовиш и ТИРЗ Струга, како и со објавата на тендерот за изградба на ТИРЗ Ранковце веќе се заокружуваат 14 ТИРЗ од вкупно  15-те предвидени во Програмата за работа на Владата. Петнаесеттата зона, која треба да биде лоцирана во Делчево, се очекува да биде комплетирана до крајот на годинава, односно да биде деонесена одлуката за основање на ТИРЗ Делчево, да биде објавен тендер, да се избере компанија и да се отпочне со градба. До крајот на првиот квартал од идната година се очекува да биде звршена и првата фаза од ТИРЗ Делчево – рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Најави дека Владата и во иднина ќе продолжи со мерки и активности за привлекување на странски инвестиции и со унапредување на условите за развој на економијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top