| четврток, 6 декември 2018 |

„Алкалоид“ во првите шест месеци од годинава со добивка од 286.997.000 денари

alkaloid

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ во првите шест месеци од годинава остварила сеопфатна добивка од 286.997.000 денари, покажуваат податоците од неревидираниот консолидиран биланс на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба се на ниво од 3.722.031.000 денари, додека истиот период минатата година тие приходи биле на ниво од 3.419.096.000 денари. Од вкупните приходи на домашниот пазар се реализирани 1.613.532.000 денари, додека остатокот од 2.108.499.000 денари се остварил на странските пазари.

Бруто-добивката на компанијата во првите шест месеци од годинава е 1.766.383.000 денари, за разлика од минатата година кога добивката била 1.699.263.000 денари.

Сеопфатната добивка изнесувала 286.997.000 денари, а во истиот периот минатата година била 275.606.000 денари.

Во првата половина од годинава во „Алкалоид“ се реализирани 43 нови вработувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top