-Ова е страшно! Што ни се случи!? Ни загина бебето! Сите сме во шок, не можеме да си дојдеме на себе. Марија и Драган толку многу се радуваa на одморот и види што ги снајде – низ солзи објаснувала Милена Маринковиќ во својата куќа во Чуприја, после веста дека во сообраќајката во Македонија загинал осуммесечниот син на нејзиниот девер Драган.
Лекарите се уште борат за животот на мајката Марија (30) и чичкото Никола (24), додека пак братчето Матија (5) има тешки скршеници, а таткото Драган (34) има полесни повреди.
-Немаше спас за малото бебе. Иако долго време работиме како лекари, ние не можевме да ги сопреме солзите. Само што почнал да живее, а веќе го нема, со солзи во очите сведочеле лекарите од велешката болница- пренесува српски Курир.
Шесте повредени веднаш биле пренесени во најблиската боница во Велес, но лекарите залудно се обидувале да го реанимираат малиот Андрија.
Марија веднаш по несреќата била пренесена во Велес, каде е реанимирана, па пренесена во Скопје каде и е извршена операција. Таа е сега на интензивна нега, но тоа не значи дека е надвор од животна опасност.
Никола Маринковиќ е се уште во кома, а Матија се здобил со скршеница на бутната коска и карлицата, но е вон животна опасност.
Марија и Драган со децата, каде што живеат, дошле во Чуприја кај браќата Александар и Никола и снаата Милена. Со Никола тргнале во Паралија во Грција, но несреќата ги запрела. Штом слушнал за трагедијата, Александар дошол во Скопје, каде во болница се сместени Марија, Никола и Матија. Околу 22 часот вчера и се јавил на сопругата Милена.
– Кога ќе заѕвони телефонот, се се плашам да не слушнам најлошо – рекла Милена за српски Курир.
Куќата на Маринковиќ е полна со пријатели и роднини, кои се во шок.
– Се надеваме на чудо, дека Никола ќе се разбуди од кома и дека Марија ќе преживее. Жалосно што ги снајде – тивко рекол еден од пријателите
Ова е еден од потресните статуси на Фејсбук, кој Марија претходно го имала поставено, а се однесува на нејзините деца
„За тебе живеам сине“
Никој не знае како мајка, ниту да сака, ниту да се грижи, затоа едно мораш да знаеш, дека јас за тебе живеам сине. Никој нема како мајка, како лавица да се бори, кога ќе затреба да е јака, и во огин да гори. Никој не е како мајка, кога ќе ме нема, затоа запомни, само мајка се ќе даде, тоа е со Бог дадено. И не прашувај зошто се грижам, зошто за тебе мислите ми летаат, сто години живеј сине, но остануваш мое дете“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.