Истрели од огнено оружје вчерва нешто пред 19 часот ги вознемирија граѓаните кои живеат во близина на трговскиот центар Буњаковец, јави Прес 24. Две засега непознати лица вооружени со пиштоли влегле во златарницата Циркон-2 во трговскиот во Буњаковец со намера да ја ограбат. Еден од разбојниците испукал од пиштолот при што го погодил сопственикот на златарницата во пределот на ногата. Разбојниците веднаш побегнале од местото, а повредниот сопственик бил префрлен во Градската општа болница и според неофицијалните информации, неговата состојба е стабилна.
Од МВР го потврдуваат инцидентот и информираат дека трагаат по разбојниците. Увидот се уште е во тек по кој ќе се знае дали разбојниците украле нешто од златарницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.