| четврток, 6 декември 2018 |

Паднал в бунар и висел половина час на гранка

Жител на српското село Блаце пропаднал в бунар на неговата нива и при падот се задржал за гранка на која висел половина час. Тој бил спасен од пожарникарите кои го извлекле од бунарот.

bunarpark-4

Гвозден Г. од српското село Блаце бил полесно повреден откако пропаднал во бунарот во неговата нива. Гвозден отишол на нивата да го обележи бунарот кој бил зараснат во трева. Поради невнимание, пропаднал во него. Тој се задржал за гранката која била во бунарот и така висел триесет минути.

– По падот Гвозден почнал да бара помош. Еден минувач го слушнал неговиот повик. По неуспешниот обид да го извлече, повикал полиција и пожарникари, кои го извлекле со скали – изјавил сведок за српскиот весник „Курир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top