Чешкото Министерство за индустрија и трговија поведе иницијатива за воведување нов данок за „нафтена безбедност“, кој ќе служи за финансирање на одржувањето на стратешките резерви на суровата нафта, дизелот и бензинот.
Ова го објави чешкиот весник „Млада Фронта Днес“, додавајќи дека материјалот не е сѐ уште дефинитивен и не е разгледуван од Владата, со оглед на тоа што се работи за чувствително политичко прашање поради тоа што новиот данок би довел до покачување на цената на горивата, јави дописникот на МИА од Прага.
– Тоа ќе сочува директен надзор на состојбата на стратешките резерви, кои сочинуваат значителен дел на енергетската безбедност на земјата – изјави Филип Матис од прес-службата на ресорното Министерство за весникот.
Со новиот данок, во буџетот ќе бидат обезбедени околу 56 милиони евра наменети за одржување на стратешките резерви на гориво и нафтени производи, за кои се грижи Управата за државни резерви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.