| четврток, 6 декември 2018 |

Стивен Бауер си фати 18-годишна девојка

стивен

Актерот Стивен Бауер, кој најмногу е познат по улогата во филмот „Scarface“, е во врска со Лајда Лаудон, која е 39 години помлада од него, објави „Ју-Ес Викли“.

Бауер (57) и 18-годишната Лаудон биле видени заедно на прмиерата на филмот „Magic in the Moonlight“, по што започнаа гласините дека тие се во врска.

Ваквите гласини дополнително ги подгреа статусот што Лајда го објави на Твитер дека тоа било „најдобрата премиера на која била“.

Бауер зад себе има три брака, меѓу кои и со Мелани Грифит со која го има 28-годишниот син Александер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top