| четврток, 6 декември 2018 |

„Пингвин букс“ објавува едиција од Орвел со цензурирани корици

1

Најголемиот светски издавач „Пингвин букс“ ќе објави нова едиција со пет книги од Џорџ Орвел, со дизајни на кориците на Дејвид Пирсон. Станува збор за едни од најдобрите дизајни на Пирсон досега, особено поради „цензурираната“ корица за најпознатото дело на Орвел, „1984“, каде насловот на книгата и името на авторот се прекриени со црна боја.

Пирсон и самиот вели дека дизајнот претставува ризик, но се постигнува саканата драматичност во изгледот. Многумина од читателите сметаат дека станува збор за еден од најрадикалните дизајни од „Пингвин“ во последните години. Едицијата ги опфаќа новите изданија и на „Животинска фарма“, „Никој и ништо во Париз и Лондон“, „Омаж на Каталонија“ и „Политиката и англискиот јазик“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top