| четврток, 6 декември 2018 |

Вечер посветена на композиторот Томислав Зографски на „Охридско лето“

tomislav zografski

Со изведба на дела на македонскиот композитор Томислав Зографски, во исполнение на домашни уметници, вечерва во рамки на „Охридско лето“ ќе биде одбележана 80-годишнината од раѓањето на Зографски, еден од основположниците на македонската композиторска школа.

Концертот е закажан за 21 часот во катедралната црква „Света Софија“, а делата на Зографски ќе ги исполнуваат флејтистот Страшо Темков, мецосопранот Ирена Кавкалевска, обоистката Марина Арсова, младите надежни солисти на виолина Бојан Илкоски и Ѓорѓи Петровски, како и пијанистката Анастасија Грговска. Дел од концертот ќе биде и квартетот што го носи името на Зографски.

Томислав Зографски, како педагог на ФМУ во Скопје, оформил една цела класа помлади, а денес меѓународно афирмирани композитори. Добитник е на две награди за животно дело: државната награда „11 Октомври“ и Наградата на Сојузот на композиторите на Македонија „Трајко Прокопиев“, како и на голем број значајни награди за одделни композиции и за филмска музика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top