Фитнес моделот Џенифер Никол Ли изградила кариера и заработила милиони благодарение на своето затегнато тело со кое инспирирала многу луѓе од светот, да ги следат нејзините стапки. Патот до совршеното тело на оваа 39 годишна жена воопшто не бил лесен. Оваа мајка на 2 момчиња, ослабела 30 килограми и станала вистинска секс бомба.
-Решив да се ослободам од сите изговори и да бидам искрена кон себе. „Немам доволно време“ или „Скапо е да се храниш здраво“ станаа минато. Исто така ми беше тешко да сфатам дека е потребно време за да ги видам резултатите, бидејќи се сакав сега и веднаш – открива Џенифер.
– Кога станав мајка, ми се смачи да бидам дебела, да немам енергија. Си ветив себеси дека ќе научам се за фитнесот и правилната исхрана и дека ќе станам сериозен спортис и модел – рекла Никол.
Таа сега напорно тренира и е еден од најпознатите фитнес гуруа, а објавила и неколку книги, има своја линија на долна облека и ДВД снимки со вежби.
Таа ги советува жените и мајките да бидат фокусирани на тоа да бидат упорни и мотивирни, а не постојано да се гледаат и размислуваат за својот изглед.
– Жените, посебно мајките, мораат да бидат свесни за својата здравствена состојба и својата ментална, емотивна и физичка сила. Да бидете фит, тоа не значи дека треба да бидете слаби. Но ако сте силни, значи дека сте и здрави и фит- тврди Џенифер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.