| четврток, 6 декември 2018 |

Лила е зависник од фитнес (фото)

Водителката Лила Филиповска иако долги години е на телевизиските екрани во различни поректи, нејзината фигура е- непроменета. Таа за весникот „Вест“ открива дека е зависник од фитнес, а торбата со опрема секогаш ѝ е подготвена во автомобилот. Поради балансираната исхрана, таа е среќна што нејзината тежина е иста речиси 20 години.
lila2

-Вежбам фитнес за да останам фит и во добра форма, а не за да се натпреварувам. Вежбам исклучиво со мојот персонален тренер Бане. Но, џабе вежбате ако неправилно се храните. Јас со години имам свој режим на исхрана што никако не смее да се нарече диета. Нема тука никаква филозофија ниту некаква прескапа храна. Единствено нешто што максимално избегнувам е лебот и газираните сокови. Пилешкото, телешкото месо, рибата и секаков вид салата ми се омилени на менито, а единствениот мој порок слатките се застапени во минимални количини. Можеби е предност и тоа што не пијам алкохол. Теретаната можеби физички е напорна, но затоа е вистински одмор на мозокот. Никој не излегува нервозен од теретана- пренесува „Вест“.

lila3

Лила ова лето го мина во Португалија, а фотографиите направени таму  го стресоа Инстаграм

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top