Со светската премиера на хрватскиот „Гангстерот те сака“ (Gangster te voli) во режија на Небојша Слијепчевиќ вчеравечер во центарот Каптол беше отворено 9. издание на меѓународниот фестивал на документарен филм „ЗагребДокс“. Во вкупно пет кино-сали годинава во текот на осумте фестивалски денови ќе бидат прикажани повеќе од 180 филмови, од кои дури 40 се од домашната хрватска продукција
Во главните категории од меѓународната и регионалната конкуренција и наградата „Голем печат“ се натпреваруваат вкупно 43 остварувања, а меѓу насловите се документарци како швајцарскиот „Зимски номади“, полскиот „Рогалик“, шведскиот „Колумбијци“, бразилскиот „Елена“, потоа „24 канти, 7 глувци, 18 години“ од Романија, „Будење“ (Србија), „Цветанка“ (Бугарија/Шведска), „Како е дома?“ (Србија/Хрватска), „Нејзината филмска љубов“ (Босна и Херцеговина/Холандија), итн.
Од останатите програми особено атрактивни се Kontroverzni Dox, Music Dox, Happy Dox, а фестивалот традиционално опфаќа и програми наменети за тинејџерската публика, филмови за човекови права, едноминутни документарци снимени на мобилен, студентски филмови, потоа ретроспективи на Виктор Косаковски и Шкотскиот институт за документарен филм, авторска вечер на режисерката Влатка Воркапиќ… Земја во фокус годинава е Австрија. Ниту годинава нема документарци од Македонија; последен пат во конкуренција беше „Шивачките“ на Билјана Гарванлиева во 2011-та.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура



