Авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ се соочува со огромни финансиски проблеми по двата пада на авиони годинава. Поради тоа, дневно губи до два милиона долари.
Компанијата веќе трпеше последици поради падот на продажбата на билетите и зголемените загуби по мистериозното исчезнување на авионот со 239 луѓе на линијата Куала Лумпур – Пекинг на 8 март. По паѓањето на MH17 на истокот на Украина и загубата на 298 патници и членови на екипажот, ситуацијата станала кошмарна, наведува германската РТЛ.
Според податоците на експертите, финансиските загуби сега се движат меѓу еден и два милиони долари дневно, а буџетот ѝ дозволува на остане на површината уште шест месеци.
– Ако Владата наскоро не донесе план за реструктуирање на оваа компанија, таа секој ден ќе биде сѐ поблиску до самоуништување – коментираат финансиски експерти за РТЛ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.