| четврток, 6 декември 2018 |

Генералниот секретар на Светската туристичка организација, Талеб Рифаи, во посета на Македонија

taleb-rifai

Генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Предвидено е Рифаи да се сретне со премиерот Никола Груевски и да му предаде отворено писмо од кампањата на Светската туристичка организација „Глобални лидери во туризмот“, со кое се повикуваат шефовите на држави и влади да ги промовираат вредностите на туризмот при неговото унапредување и развој.

Генералниот секретар Рифаи ќе оствари повеќе средби со претставници од надлежните институции во областа на туризмот. На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје денеска попладне ќе одржи предавање за современите трендови во развојот на светскиот туризам.

Со Стопанската комора за туризам на Македонија ќе бидат потпишани и Заложбите на приватниот сектор кон Глобалниот код за етика во туризмот на Светската туристичка организација.

Рифаи вчера го посети Охрид и се сретна со заменик-градоначалникот на оваа општина Ангел Јанев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top