| четврток, 6 декември 2018 |

Лажен настап на Сашко Коцев, Весна Петрушевска, Тони Михајловски во Битола, измамена публиката

Toni-Mihajlovski-3

Измислен настап на Тони Михајловски, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Весна Петрушевска и Скандал састаф во Битола. Градот бил излепен со плакати за Стенд-ап настап на актерите, придружувани од Скандал Састаф, а таков настап никогаш не бил договорен. Наводно се  продавале билети за фантомскиот настап  во Битола.

na konj gorast 1

Настапот бил најавен за вечерва. „Учесниците“ воопшто не се запознаени со вечерашниот „ангажман“. Тие воопшто не биле договорени вечерва некаде да настапуваат. Сашко Коцев бил заминат на годишен одмор. Имало разговор за организација на ваков настан, но поради недостиг на финансии, организаторот се откажал. Сепак настанот бил најавен.

– Разбравме дека се продавале влезници и дека имало некакви плакати за СТАНД АП со Тони Михајловски, Весна Петрусевска,Сашко Коцев и Скандал Састаф.  ВАКОВ НАСТАН НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ ВО БИТОЛА ……ако некој има влезници или види плакати низ Битола да ги фотографира и да ми ги прати во инбокс …. – напиша Славиша Кибровски од Скандал Састаф на својот фејсбук профил.
sasko kocev
Сличен статус се појави и на фан страницата на емисијата на Тони Михајловски, Опуштено:
Најавен е СТАНД АП концерт во Битола со Тони Михајловски Весна Петрушевска,Сашко Коцев и Скандал Састаф …….ГИ ИЗВЕСТУВАМЕ СИТЕ ФАНОВИ, ЉУБИТЕЛИ И ПОДДРЖУВАЧИ НА ОВОЈ ЕВЕНТ ДЕКА НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ ОВОЈ СТАНД АП ВО БИТОЛА ( не е наша обврска да судиме, но некој од организаторите е непрофесионален во овој случај).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top