Зошто мажите и жените се трудат да се задоволат еден со дргу? Секако, љубовта се наметнува како единствена причина, но она што го бараат во партнерскиот однос се разликува во зависност од полот, тврди социологот Бред Вилкокс од Универзитетот во Вирџинија. Тој и неговите колеги цела деценија проучуваат што сакаат мажите и жените од бракот, односно кои им се приоритетите во љубовните односи.

Што сакаат мажите
1. Секс
Во кое било време, спонтан или планиран, мажите секогаш ги радува идејата за секс, освен оние со изразено слабо либидо, под голем стрес или во депресија. Сексот за мажите претставува активност што нивниот мозок ја доживува како награда, а од постојаната партнерка тоа им е доказ на љубов и на интима.
2. Слобода
На голем дел од мажите важно им е чувството на слобода во врската – односно другата страна да не ги гуши со прашања, проверување, претерано љубоморни и разни обиди на „забрани“. При тоа самите признаваат дека се подготвени да се откажат од својата „слобода“ за жената што не инсистира на тоа, а онаа што ги форсира ќе постигне спротивен ефект.
3. Простување и разбирање
Тоа им е особено важно на помладите и на мажите од средни години, а како фактор за простување го наведуваат при проблеми во врската да не им се споменуваат „старите гревови“. Одмаздољубивост, префрлување и неспособност за простување многумина од нив ги наведуваат како главна причина за раскинување на долготрајните врски со партнерките што ги сакале, но постојано се карале.
4. Почитување
Иако и мажите и жените имаат его, по еволуциските принципи на мажите им е повеќе важно да им се покажува почит или да се чувствуваат ценето. Важно им е партнерката да смета дека се способни и паметни и тоа да им се кажува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


