| четврток, 6 декември 2018 |

Израелската армија негира дека нападнала болница и парк

krs-vo-izrael

Израелската армија негира дека нејзините сили се одговорни за денешните напади врз најголема болница во Појасот Газа и паркот во Газа.

Армијата соопшти дека палестинските екстремисти погрешно истрелале ракети и оти тие треба да бидат обвинети.

Претходно, началникот на палестинската брза помош Ајман Сахабани изјави дека најмалку десет луѓе загинаа, а 46 се повредени при израелскиот воздушен напад врз еден парк во Газа.

Паркот се наоѓа во близина на најголема болница во Појасот Газа. Вработените во болницата тврдат дека израелска ракета денеска погодила една зграда од комплексот.

Во нападот е погодена зградата која се наоѓа во близина на главниот влез на болницата Шифа, тврдат болнички извори, а на репортерите им е забрането да снимаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top