
„Не го убивајте Шон Бин“ (Don’tKillSeanBean) е името на оргиналната кампања на социјалните мрежи, покрената со цел барем во еден филм или серија актерот да остане жив.
Британскиот актер, 55-годишниот Бин, убиен е повеќе од 20 пати во различни филмови и серии. Тој има играно во трилогијата „Господар на прстените“, во „Патриотски игри“, „Караваџо“, „Ербон“, „Момчињата од Есекс“, „Смртоносна трка 2“. Тој играше и во серијата „Игра на престолите“, каде е убиен уште во првата сезона.
Поради тоа продуцентите на серијата „Легенди“ на социјалните мрежи покренаа петиција „Не го убивајте Шон Бин“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


