| четврток, 6 декември 2018 |

Блескавата збирка уметнички дела на Денис Махун подарена на Британските музеи

 

Sir Denis Mahon

Британските музеи се новите сосптвеници на голема колекција ремек-дела од италијанското барокно сликарство. Поточно станува збор за 57 слики во вредност од 154 милиони долари.

Скапоцената зборка на музеите им ја остави сер Денис Махун, кој почина во 2011 година. Во неговата збирка стара 100 години се наоѓаат дела од  Guercin, Guido Renie, Domenichin, Giuseppe Marija Crespi, Pietro de Cortone, Giovanni Antoni Pellegrini и други.

Колекцијата ќе се распореди меѓу шест британски музеи, а најмногу дела, вкупно 25 од нив ќе добие Националната галерија. 12 ќе му припаднат на Музејот „ Ashmolean“ во Оксфорд, а останатите ќе ги добие Националната галерија во Шкотска, музејот во Бирминген, музејот„ Fitzwilliam“ во Кембриџ и галетијата „Temple Newsam House“ во Лидс.

Махуд се занимавал со собирање на уметнични слики и предмети од 1930 година, а освен тоа што е еден од најценетите колекционери, бил и истакнат ликовен критичар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top