
Дел од збиднувањата во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“ ќе бидат достапни и за љубителите на музичката уметност кои не се во можност физички да бидат во Охрид, преку директни преноси што ќе бидат реализирани преку Интернет.
Станува збор за неколку од концертите што се одржуваат во катедралната црква „Света Софија“, и тоа утрешниот концерт со наслов „Од творечкиот опус на композиторот Томислав Зографски (1934-2000) – кон 80 години од раѓањето“, како и концертот ден потоа на оркестарот на Музичката младина на Македонија.
Концертите ќе може да се следат во живо на веб-страницата на „Охридско лето“, www.ohridskoleto.com.mk како и на веб-порталотwww.idividi.com.mk Видео преносите од „Света Софија“ ќе започуваат од 20 часот, час пред започнување на концертот. Истовремено „лајв стриминг“ ќе може да се следи и преку најавените линкови на Фејсбук како и на веб порталите на фестивалските медиумски спонзори.
– Лајв-стримингот е новина што се практикува на сите светски фестивали. „Охридско лето“ во соработка со генералниот спонзор „Т-home“, ја воведе таквата практика на веб-продукција со цел приближување на Фестивалот до најсовремените технолошки и ИТ достигнувања, изјави маркетинг и ИТ-менаџерот на „Охридско лето“, Илија Куртески.
Ваквиот начин на следење на програмата на најпрестижната манифестација кај нас генералниот спонзор „Т-home“ го најави како новина што постојано ќе се осовременува, како технички, но и содржински со покривање поголем број настани.
– Веќе трета година на задоволство на нашата публика успешно го спроведуваме ваквиот начин на пренос. Она што посебно не радува е реакцијата на љубителите на класичната музика кои од било какви причини не се во можност да бидат во преубавата црква. Благодарни се што ете на еден ваков начин им ја доближуваме уметноста, им овозможуваме да уживаат во звуците на класичната музика, изјави директорот на фестивалот, Елизабета Јанкуловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“


