| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународниот полициски тим повторно не отиде на местото на падот на малезискиот авион

maleziski-avion-tela

Меѓународниот полициски тим и денеска не успеа да стигне до местото на несреќата на малезискиот авион, бидејќи во регионот продолжуваат битките.

Групата од австралиски и холандски полицајци и судски експерти запре во Шахторск, на околу 30 километри од местото на несреќата.

Задачата на полицискиот тим е да го обезбеди реонот, кој во моментот е контролиран од бунтовниците, со цел да почне истрагата за падот на  малезискиот авион, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот.

Холандските и австралиските експерти вчера пристигнаа во Украина. Тие и вчера не отидоа на местото на несреќата на малезискиот авион поради судирите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top