| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца повредени во пожар предизвикан од нивната цигара

Во текот на вчерашниот ден на местото викано „Речани“ кај Велес, поточно на плацот во сопственост на З.Х.(50) од Велес, 42-годишната велешанка С.Б. фрлила отпушок од цигара во близина на цистерна „сканија“.

По кратко време забележала пожар на пластична канта полна со бензин, која била оставена во близина на цистерната, по што ја турнала со нога. Пожарот ги зафатил трите гуми од тешкото моторно возило.

При обид да го изгаснат пожарот, С.Б. и З.Х. се здобиле со повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top