| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од СДСМ за празникот Рамазан Бајрам

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, по повод големиот празник Рамазан Бајрам, испрати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Сулејман ефенди Реџепи и верниците од исламска вероисповед.

– Пожелуваме добро здравје, духовен мир и благосостојба за сите. Се надевам дека ќе продожиме да ги негуваме вредностите на заеднички живот, низ меѓусебна почит и толеранција, како цивилизациски придобивки што единствено водат кон напредок и прогрес. Така ќе успееме во заложбите за општество на среќни и задоволни граѓани. Ви посакувам спокојни празнични денови, споделени со вашите најблиски, стои во честитката од Заев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top