Британските семејства на починатите патници од малезискиот авион, кој се урна во Украина пред десетина дена, подготвуваат заедничка тужба против рускиот претседател Владимир Путин, со барање за отштета од неколку милиони долари. Тие сметаат дека тој е одговорен за трагедијата во која загинаа 298 лица.
Доколку британскиот суд ја прифати тужбата, имотот на Путин во странските банки би можел да биде замрзнат до конечната пресуда, пренесува „Дејли меил“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


