| четврток, 6 декември 2018 |

САД повторно ја обвинија Русија за снабдување со оружје на сепаратистите во Украина

САД објавија сателитски снимки, за кои тврдат дека претставуваат нов доказ оти Русија ги снабдува со оружје проруските сепаратисти во Украина, јави ДПА.

– Снимките, направени со сателитски камери, покажуваат и дека Русија од својата страна на границата стрелала со артилериски оружја врз украинските воени единици. Снимките се направени меѓу средата и саботата, соопшти синоќа Белата куќа.

Според САД, фотографиите покажуваат траги од оган на местата од каде биле истрелани проектилите и кратери на локациите на кои тие паднале.

Москва досега ги отфрлаше сите западни обвинувања дека ги снадува сепаратисите во Украина со оружје и опрема и дека стрела врз украинските сили. Руското Министерство за надворешни работи во текот на викендов дури го обвини Вашингтон дека води „континуирана кампања за оцрнување на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top