САД денеска објавија сателитски снимки кои според нив докажуваат дека Москва гаѓа позиции на украинската војска од нејзина територија. Стејт департментот ги испратил снимките преку електронска пошта до директорот на разузнавачката служба кои служат како доказ дека Русија стрела кон Украина како поддршка на сепаратистите во источниот дел на земјата. Четири снимки покажуваат делови од руско украинската граница.
Две покажуваат група од повеќецевни ракетни фрлачи и група од саходни хаубици закои американската влада тврди дека се руски системи на руска територија. На сателитските снимки се гледаат гратери во земја во близина на воени позиции од украинската страна на границата.
На третата снимка се гледа тешко вооружување за кое Вашингтон тврди дека проруските сепаратисти го носат од внатрешноста на Украина. САД во четвртокот објави дека поседува докази дека Русија гаѓала украински сили од нивна теротирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




