| четврток, 6 декември 2018 |

Почина еден од повредените во експлозијата во Сопиште

gradska bolnica  naum ohridski

Почина педесет и деветгодишниот маж, кој пред неколку дена се здоби со тешки изгореници во експлозијата во фабриката за пиротехника во Сопиште, јави МИА.

Од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски-Скопје“ информираат дека и покрај интензивното лекување, пациентот починал претпладнево. Причина за смртта е опсежноста и длабочината на изгорениците од трет степен, како и зафатеноста на респираторните патишта.

Се уште е критична состојбата на 27-годишниот пациент, хоспитализиран на оваа Клиника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top