
Првичните сознанија добиени од црната кутија пронајдена на местото на уривањето на малезискиот авион во источна Украина укажуваат дека леталото паднало затоа што било погодено од шрапнели кои настанале при ексползија на проектил, објави американската телевизија „Си-би-ес“, повикувајќи се на изјава на европскиот претставник за воздухопловна безбедност.
Проектилот го сторил тоа за што е наменет – уривање на авион, изјавил европскиот претставник за Си-Би-Ес, додавајќи дека податоците регистирани на „црната“ кутија укажуваат на „голема експлозивна компресија“.
Европскиот претставник во изјавата сепак потенцира дека ваквите сознанија се неофицијални и дека „црната“ кутија е испратена на детална анализа во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


