Во изминатото деноноќие ограбени се две бензински пумпи во земјава, една во Скопје и една во Ресен.
Две маскирани лица, од кои едното вооружено со огнено оружје, со закана од вработениот во бензинската пумпа „ОКТА“ на бул.„Македонско Косовска Бригада“ во Скопје, ги одзеле парите од дневниот промет околу 70.000 денари и го напуштиле местото на настанот.
Во Ресен е ограбена бензинската пумпа на „Макпетрол“ лоцирана на патот на излез кон Битола, непознато лице маскиран и вооружен со пиштол, влегол во просторијата, со рачката од пиштолот го удрил вработениот, по што му одзел околу 80.000 денари и го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



