| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од Груевски по повод Рамазан Бајрам

Почитуван Поглавар на Исламската верска заедница во Република Македонија, господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи чест ми е, Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот верски празник Рамазан Бајрам, стои во честитката испратена од премиерот Груевски.

gruevski

Ова се денови од неизмерно големо значење за Вашата заедница и духовна посветеност. Честитајќи Ви го празникот, Ви посакувам и сите други месеци од годината да ви бидат исполнети со вредностите и благодетите на најблагородниот и најсреќниот месец за Вас, месецот Рамазан. Вербата во Бога да нè води кон вистинскиот пат и постојано меѓу луѓето да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба.

Да ги искористиме религиите и верските учења за убави нешта, за продолжување на столетната традиција на пријателство, единство и хармонија, како основа за забрзан економски, културен и сеопшт развој на Република Македонија. Тоа е единствениот пат кој води кон подобар животот на нашите граѓани, во секој дел на државата, во секое поле и од секаков аспект. Ние силно работиме на оваа агенда и уверен сум дека заеднички ќе продолжиме да чекориме по истиот пат.

Ви посакувам убави празнични денови, многу радост, среќа, здравје и спокој во секое Ваше семејство.

Нека Ви е честит големиот муслимански празник. Честит Рамазан Бајрам.

Интегрален текст од честитката на Груевски до Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top