| четврток, 6 декември 2018 |

Израелска девојка во бикини со автоматска пушка на плажа (ФОТО)

Фотографија на која се гледа израелска девојка во бикини со автоматска пушка обесена на рамо за кратко време стана хит на Интернет.

bikini-puska1

Се претпоставува дека оваа одлично вооружена девојка е припадничка на Армијата на Израел, земја чии војници се обврзани да не се одвојуваат од своето лично оружје.

Сите членови на израелската армија се должни секогаш да го носат своето оружје, без оглед на околностите. Казните за изгубено оружје се многу строги, па непретпазливите војници може лесно да заглават во воен затвор.

Според израелскиот закон, целата женска популација е должна во војска да помине две години, откако ќе наполни 18 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top