| четврток, 6 декември 2018 |

Хамас го одби примирјето и бара повлекување на израелската војска од Појасот Газа

Хамас утрово ја отфрли одлуката на Израел да се продолжи примирјето за 24 часа.

izrael-gaza-s1-500x320

– Ниту еден хуманитарен прекин на огнот не е валиден без повлекување на изралеските тенкови од Појасот Газа и ако населението не може да се врати во своите домови и возилата на брзата помош кои носат тела не можат слободно да се движат низ Појасот Газа- изјави портпаролот на Хамас, Фавзи Бархум.

Во меѓувреме ракети истрелани од Појасот Газа паднаа во јужниот дел на Израел, при што потешко е повредени едно лице.

Двајца војници синоќа им подлегнаа по повредите со што бројот на загинати израелски војници се искачи на 42.

Ракетите беа истрелани во дополнителните четири часа примирје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top