Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа и со грмежи.
Попладне и во вечерните часови, под влијание на нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со град и засилување на ветерот, особено во источните подрачја.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 23 до 33 степени.
Во Скопје слично време, со утринска температура до 18 и дневна до 31 степен.
Нестабилното време во попладневните часови ќе продолжи и во текот на наредната недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.