Палестинското исламистичко движење Хамас коешто од 2007 година ја контролира енклавата Појасот Газа, во саботата навечер ја презема одговорноста за истрелувањето на седум ракети врз територијата на Израел, од кои две врз Тел Авив, со практично го отфрли предлогот за четиричасовно продолжување на хуманитарното примирје во Газа кое истече во 20 часот по локално време.
Сирените за тревога се огласија во цел Израел во моментот коа се истрелани ракетите, соопшти полицијата. За истрелувањето на ракетите, од кои пет паднале врз Нацхал Оз во јужен Израел, а две во близина на Тел Авив, одговорноста ја презема едно од вооружение крила на исламистички Хамас, Бригадите на Елзедин ал-Касам.
Продолжувањето на судирите дојде по апелите прекинот на огнот да биде продолжен за уште 24 часа. Досега од почетокот на израелската офанзива од 8-ми јули во Појасот Газа насочена на инфраструктурата на Хамас, загинаа повеќе од илјада Палестинци, повеќето цивили, и 40 израелски војници и тројца цивили, од кои еден е тајландски работник.
Откако во саботата во 8 часот по локално време настапи ткн „хуманитарно примирје“ населението во Газа ги искористи следните 12 часа да ги обнови резервите од храна, вода и лекови, да ги расчистат урнатините под кои сѐ уште лежат многу загинат и набрзина да ги погребат.
Во саботата навечер се одржа состанок на потесниот израелски безбедносен министерски кабинет на кој се расправа за меѓународните активности коишто ги предводи американскиот државен секретар Џон Кери, за да се воспостави траен прекин на огнот,. Меѓутоа, засега според сознанието на агенциите, најмалку еден министер од кабинетот ан премиерот Бенјамин Нетанјаху цврсто се залага за продолжување на воената операција во палестинската енклава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.