Лепа Брена, која ги повреди двете раце ќе закрепне најмногу за шест месеци, вели хирургот Милојко Ристиќ.
Според медиумите во Хрватска и во Србија Лепа Брена (53) во петокот наутро по појадокот паднала и ги скршила двете раце. Брена со своето семејство е на одмор во Хрватска. Ристиќ смета дека таа треба да направи операција на рацете по што ќе следи период на рехабилитација кој ќе трае од три до шест месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.