| четврток, 6 декември 2018 |

Брускети со моцарела и домати

brusketi

Состојки:

– 2 врзопа босилок

– чешне лук

– 30г пармезан

– 6 лажици маслиново масло

– сол, бибер

– 1 француски багет

– 250 г домати

– 125 г моцарела

Приготвување:
Босилокот, лукот, пармезанот и маслото измешајте ги во блендер. Додајте сол и бибер по вкус. Лебот исечете го на кришки од околу еден сантиметар, па премачкајте ги со смесата. Моцарелата и доматите исечете ги на тркалца и наредете ги врз лепчињата. Печете ги во рерна на 120 степени околу 5 минути само колку да станат крцкави и топли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top