
Израел се согласи да го продолжи хуманитарното примирје во Појасот Газа, јавија израелски медиуми.
Не е познато дали Хамас се согласи на продолжување на 12-часовното примирје, кое истече во 17 часот по средноевропско време.
Претходно, палестински медицински извори соопштија дека бројот на жртвите во израелската офанзива во Газа се искачи на илјада. Во текот на денот, додека траеше привременото примирје, од под урнатините ширум Појасот Газа извлечени се најмалку сто тела.
Во израелската офанзива повредени се приближно 6.000 луѓе.
Во исто време израелската команда соопшти дека тројца војници загинале минатата ноќ, пред да стапи во сила привременото примирје. Со тоа бројот на жртви на израелска страна се искачи на 40, од кои израелски војници, двајца израелски цивили и еден државјанин на Тајланд.
УНИЦЕФ вчера соопшти дека во Газа загинале најмалку 192 деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


