
Со официјална церемонија беше пуштена во употреба брза железничка-делница меѓу Истанбул и Анкара, а меѓу првите патници на железницата биле турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган и неговата сопруга.
Но првото патување на возот стрелата не поминала беспрекорно. На околу 80 километри источно од Истанбул прекинат кабел со висок напон стана причина за кратка пауза. Откако проблемот бил отстранет, возот го продолжил својот пат. Композицијата била следена од пет воени и два цивилни хеликоптери.
Ова брзо возило ќе сообраќа меѓу двата града по 12 пати на ден, по шест во секоја насока. Супер брзата линија ќе се намали времето на патување меѓу двата најголеми турски градови на околу три и пол часа.
Растојанието што ќе го поминува е долго 533 километри. За сега има девет постројки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


