| четврток, 6 декември 2018 |

Мрвица: Публиката што ќе дојде на концертот ќе биде задоволна од репертоарот

maksim mrvica

Хрватскиот уметник Максим Мрвица вечерва вечерва ќе одржи концерт на „Охридско лето“. Тој најави дека за публиката на фестивалот  ќе приреди незаборавен концерт со кросовер програма, но и дела од класичната музика.

– Публиката што ќе дојде вечерва на концерт ќе биде задоволна од репертоарот што го избрав за оваа пригода. Избрав кросовер композииции од целата моја кариера, поточно од сите мои десет албуми, и како и секогаш, ќе отсвирам еден помал блок класична музика, изјави хрватскиот пијанист Мрвица.

Овој период, како што рече, е сконцентриран на настапите во регионот. Во врска со тоа дали е тешко адаптирањето од класичната музика кон кросовер програмата мегаѕвездата рече дека се работи за различни дисциплини и адаптацијата бара напорна работа.

– Мислам дека беше потешко со оглед на тоа што е поинаква дисциплината на изведба. Нешто што во класиката е најценето, не постои во кросовер. Морате егзактно, во совршено темпо зашто имате матрица што ве следи, така што во таа смисла, ми беше многу тешко да се префрлам во изведувањето на кросовер. Од друга страна кросовер е многу поедноставана програма, таму немате четири пијана и четири врски форте-а. Приватно слушав електронска музика и секогаш бев отворен кон експериментирањето со музиката и претставувањето на класичната  музика, така што иако беше тешко, за мене претставуваше огромно задоволство – изјави Мрвица.

Музичката селекторка на „Охридско лето“ Гордана Јосифова – Неделковска рече дека за вечерашниот концерт има интерес и од страна на странски гости кои ќе дојдат специјално да го проследат настапот на Максим Мрвица.

Концертот  ќе се одржи на Антички театар со почеток во 20 часот и 30 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top