| четврток, 6 декември 2018 |

Од централната банка на Албанија украдени шест милиони долари

банка

Двајца вработени во централната Банка на Албанија се обвинети дека во последните четири години од банкарскиот трезор украле околу шест милиони долари.

Обвинетите маж и жена работеле во секторот на Банката задолжен за чување на паричните средства повлечени од оптек.

Мажот, кој веќе 21 година работел во Банката на Албанија, по приведувањето изјавил дека на местото на украдените пари од трезорот ставал исечена хартија, тврдејќи дека дневно изнесувал и по 4.000 долари во албански леки.

Тој рекол дека сите украдени пари ги поторшил во казино, но полицијата се сомнева во ваквото тврдење.

За разлика од него, приведената жена ги отфрла обвинувањата за вмешаност во грабежот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top